ВИДЕО – Мицкоски: Народот има изгубено контрола над државата каде газди се Артан и Али, Пендаровски е дно од човек кој само навредува


Има моменти во историјата на еден народ кои се одлучувачки, тоа се времињата кога работите се прекршуваат или кон подобро, или кон дното после кое нема враќање. Овие избори браќа и сестри се токму тоа, референдум за Македонија, референдум за народната волја за тоа дали ќе се награди оваа власт, нејзината неспособност, незнаење и криминал, или ќе се сврти нов лист, нов почеток и враќање на Македонија на стабилни основи. Оваа генерација необременета со било какви ликови кои нанеле зло на оваа наша Македонија ја има неповторливата можност да испишеме нова победничка историја, исполнета со победи кои ни недостасуваат, истакна вечерва во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот има загубено контрола над сопствените институции и над сопствената држава. Државата не му служи на народот, туку на 100тина луѓе од ДУИ, а тие се служат со Македонија за полнење на своите џебови. Проблемот овде во Прилеп и во другите градови не е само слабото владеење на СДСМ, туку и самата СДСМ, бидејќи таа на тацна ја даде Македонија на Артан, на Бујар, на Талат и на Али Ахмети. Тие од таа тацна си се послужуваат со најскапоцените дарови што државата ги има, со тендери во РЕК, со тендери во Осломеј, со градба на преплатени патишта, провизии и тендери, а дел оди и во СДСМ за измеќарлукот кој го тераат на ДУИ како награда. Артан шериф и Али станаа стопани на секое државно благо затоа што СДСМ и Ковачевски се нивните верни измеќари во овој грабеж што ѝ го прават на Македонија. Сиромаштијата се зголеми, над 600,000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, а повеќе од 80.000 наши сограѓани живеат со само 60 денари на ден. Поради СДСМ и ДУИ секое семејство должи за нов долг и каматите направени од нив нови 10.000 евра. Економско фијаско е мал збор, а на планот на надворешната политика ја заглавија Македонија со прифаќање на се и сешто, не водејќи сметка за ништо. Изборот е јасен, или тие неколкумина или народот, или Артан, Бујар, Талат, Ахмети, Ковачевски, Зечевиќ, Пендаровски, или Македонија“, кажа Мицкоски. 

Тој нагласи дека Пендаровски не пропуштал митинг лично да не ги навреди него и  кандидатот за  претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Професорката Гордана Силјановска Давкова, која што е одличен професор, жена, мајка, сопруга. Таквите отрови и навреди кои секој настап се подгреани од првенците на власта се пренесуваат како зараза и на нивните членови, па така вчера од Куманово донесле некој член на СДСМ каде со микорофонот во рака нареди едно чудо навреди кон идниот претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова. И не само што поради таквото однесување Стево Пендаровски и нивната портпаролка требаше да пропаднат во земја и веднаш да се оградат, туку со образ ѓон Стево аплаудираше на навредите, а Богданка се смееше. Какво дно од луѓе, каков е овој човек“,   додаде Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи