ВИДЕО – Денеска во Прилеп гласаат 291 болни и изнемоштени лица, 104 осуденици во затворот и 68 штитеници во Домот за стари лица

Денеска во Прилеп гласаат 291 болно и изнемоштено лице, 104 осудени лица во Казнено поправниот дом дом Прилеп како 68 штитеници во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“. Од Општинската изборна комисија соопштија дека избирачките места се отворени навреме и гласањето се одвива во најдобар ред без никакви проблеми. Граѓаните кои гласаат денес на седмите избори за претседател на државата избираат помеѓу седуммина кандидати.

Инаку утре во Прилеп своето право на глас ќе можат да го остварат 62.082 полнолетни граѓани кои ќе гласаат на 142 избирачки места.

„Во 7 часот утринава на 23.04. навреме е отворено гласачкото место 1419 во домот зас стари лица киро крстески платник. подигнати се 21 избирачки список во кој што има 68 гласачки ливчиња. односно правото за гласање за денеска е пријавено за 68 штитеници на овој старски дом. гласањето се одвива непречено, односно сите гласачи кои сакаат и можат непречно гласааат тука“, изјави Магдалена Лазоска, претседател на избирачко место 1419

 

„Гласањето е реално без наредби, без некој да ти кажува за кого да гласаш. се е во ред јас го остварив своето право на глас. што очекуваме ние постарите еве тука се е добро, пензиите само да се покачат за нас треба и да има слога“, кажа Благоја Богданоски, штитеник во дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи