ВИДЕО – Започна хуманитарната акција во прилепските цркви, ќе трае до Цветници, ајде да донираме кој колку може


Во 4 прилепски цркви „Св. Петка“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Преображение“ и „Св. Благовештение“ започна традиционалната хуманитарна акција која секоја година се организира за празникот Велигден. На средината од црквите се поставија добро познатите црвени кутии за донациии каде граѓаните може да донираат парични средства со кои потоа се купуваат потребни намирници во храна и средства за хигиена кои им се делат на социјално ранливи категории граѓании. Освен парични средства граѓаните може да донираат и храна која не се расипува брзо или хемиски средства.

„Оваа акција за Велигден имаме помалку време да ја реализираме од тука упатувам еден апел до сите оние добронамерни граѓани кои сакаат да учествуваат во акција, дали се парични средства, храна или средства за хигиена да ги донесат донациите најдоцна до недела до празниот Цветници 28.04, затоа што во понеделникот утрото планираме да се преброиме, она што го имаме, да можиме да ги дооформиме тие пакети и да купиме средства за да ги направиме пакетите да бидат за сите исти. Повторно планираме да направиме околу 140 до 150 пакети, заедно со со оние кои ги опфаќаме во акцијата кои се сами, кои не се фамилијарни, доаѓаме до бројка од 165 пакети некаде, од кои 40 одат по селата во прилеспско“,рече Драган Џокоски, неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски.

Организацијата на оваа акција како и секогаш е на неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски, а во акцијаta освен граѓаните со свои донации учествува и МПЦ како и бизнис секторот во Прилеп.

„Оваа година останува истата постапка не воведуваме ништо ново, одиме на истиот принцип, се пакуваат пакетите, се составуваат и потоа со една такси компанија од Прилеп ги повикуваме оние  кои ќе ги користат да дојдат тука да си ги земат во вторник“, додаде Џокоски.

Вакви акции во провославните храмови во Прилеп освен за Велигден се организираат и за Божик. А оваа хуманитарна организација донира и парични средства, согласно нејзините можности и преку целата година на голем број семејства на кои им треба помош за различни намени. Кутија за вакви намени постојано е поставена на влезот на црквата Св. Благовештение.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи