ВИДЕО – Силјановска Давкова: На 24-ти се случи земјотрес, на 8-ми очекувам вулкан, Македонија ќе биде пристојно место за живеење


Мислам дека доволно кажува зборот Македониум, дали навистина ние треба да стоиме гордо пред Македониумов, или пак треба да имаме грижа на совест, затоа што кога ќе застанете пред Македониумот треба да знаете што значи тоа низ историјата и денеска. Прекрасно се чувствувам, само небото и Крушево, се чудам како може овој град да остане вака заборавен, се чудам, видов неколку куќи кои ме потсетуваат на чипка, но напуштени, под итно треба да се стокмат, истакна денеска во Крушево кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова.

„Јас никогаш не агитирам, мене ми е срам да ви велам гласајте за мене, јас сум најдобрата. Гласот е ваш, вие знаете кому да го дадете, искористете го, немојте да го оставите настрана, зошто тој значи одлука и да ве потсетам, кога ќе гласате помислете на Македониумот, помислете на Тоше, помислете на овој волшебно убав град кој мора да врие од луѓе за да видат дека навистина имаме ние многу градови кои можат да бидат градови на културата, градови на уметноста, градови на историјата.

Вие го знаете мојот тек на кампањата, мојот тек на кампањата е женски, ама витешки. Јас не го анализирам кандидатот, туку говорам за тоа што ќе го правам, говорам за тоа што не го направил, говорам за тоа што мора да го направиме.

Се надевам дека ќе продолжи така, јас имам ветар во грб, реков дека на 24ти ќе се случи политички земјотрес, мислам дека погодив, а на 8ми очекувам вулкан, но политички, не вистински, затоа што оваа земја заслужува да биде пристојно место за живеење, Крушево заслужува да биде град што сите ќе сакаат да го видат, ќе уживаат во него, град на среќи граѓанки и граѓани, на весели деца. Како некогаш, горд град, бидејќи ако некој град има на што да се гордее, тоа е овој град, ако крушевчани има на што да се гордеат, а и цела Македонија, тоа е Крушево“, додаде Давкова.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи