Наш гостин во оваа емисија е Емил Јанески кандидат за пратеник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и претседател на локалниот огранок на оваа партија во Прилеп.
Јанески одговара на прањата дали ЗНАМ е приврзок на некоја од поголемите политички партии, дали и со кого би коалицира после изборите и под кои услови. Зошто членовите на ЗНАМ во последниот период се напаѓани дека се предавници, кого и дали некого предале?
ЗНАМ во моментов е трета политичка сила според гласовите, што е тоа што ги привлече луѓето кај нив? Кои се нивните ставови за Бугарскиот и Преспанскиот договор и промената на Уставот како и за тоа кои се црвените линии кои не би ги поминале и по цена да останат конструктивна опозиција. Што ќе понуди ЗНАМ за Прилеп, што е тоа што недостасува? За да ги слушнете одговорите на овие и други прашања погледнете го интервјуто.