Наш соговорник е Петар Ристески, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од Прилеп. Ристески одговара дали очекуваат некаков пресврт во вториот круг на претседателските избори или зголемување на разликата во нивна корист. Со кого би можело да коалицира ВМРО ДПМНЕ по изборите. Дали воопшто планираат некаква промена на Уставот. Дали Прилеп ќе добие нов Закон за минерални суровини, со кој наместо трошките ќе го собира кајмакот од рудниците концесии.
Која е нивната програма за стопирање на миграцијата, отворање на нови работни места, изградба на нова патна инфраструктура за Пелагонија.
Ристески најавува нов закон за тутун во корист на тутунарите и промена на начинот на субвениционирање кој би придонесол за поголем развој на земјоделството.
Кои други капитални проекти се предвидени за Прилеп слушнете во интервјуто.