Пуштена е во употреба платформата „Изборен навигатор” – вашиот компас во светот на политичките избори


Платформата „Изборен Навигатор” (www.izborennavigator.mk) е иновативнa иницијатива наменета за засилување на демократските процеси и поттикнување на политичкото учество и ангажман во нашата држава. Оваа платформа е создадена со цел да ги информира и едуцира граѓаните, особено младите, за нивните избирачки права и да им помогне да ги споредат своите ставови со програмите на политичките партии пред парламентарните и претседателските избори.

„Изборен Навигатор” функционира на начин преку кој гласачите одговараат на серија од 30 прашања, селектирани за да ги рефлектираат најважните теми за граѓаните и тоа во две категории: парламентарни и претседателски избори. Одговорите на гласачите потоа се споредуваат со ставовите и програмите на политичките партии кои учествуваат во изборите, што потоа им овозможува на корисниците да добијат детален увид во тоа како нивните персонални убедувања се совпаѓаат со политичките опции кои се на располагање.

Процесот е едноставен: корисниците избираат регион во кој живеат, одговараат на прашањата и на крајот добиваат алгоритамски генериран резултат кој ги покажува нивните ставови споредено со тоа од политичките партии. Оваа иницијатива е направена се со цел да му обезбеди на секој заинтересиран граѓанин да може лесно и ефикасно да гласа информирано и паметно.

Со пуштање во употреба на „Изборен Навигатор”, целиме да обезбедиме можност преку која граѓаните ќе можат да направат информиран избор базиран на темелно разбирање на политичките програми и ставови. Веруваме дека оваа платформа ќе придонесе кон подигање на политичката свест и ќе ја зајакне демократијата во нашата земја.

Здружение Станица П.Е.Т. Прилеп за време на изборниот период активно ја промовира платформата во Пелагонискиот регион, посетувајќи голем број на лакации во сите општини од овој регион.

Ги повикуваме сите граѓани да ја искористат оваа алатка и преку www.izborennavigator.mk да „Откријат, Одлучат и Гласаат Паметно” на следните парламентарни и претседателски избори.

Проектот Иницијатива за зајакнување на демократијата : зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С.Македонија, е инплементиран од страна на Центар за истражување и анализи НОВУС, финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи