На 01.05 2024 во 02.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во кругот на Автобуската станица во Прилеп, на бул. „Гоце Делчев“, биле опожарени две патнички електрични возила со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, информираат од СВР Битола.
„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп“, додаваат од полицијата.