ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“

Регионалниот ЦУК – Битола информира дека од страна на Армијата – единици од Прилеп, денеска од 08:30 до 15 часот, на стрелиштето „Леково“ ќе се реализира бојно гаѓање. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Се предупредуваат сите лица кои доколку по завршувањето на гаѓањето, пронајдат неексплодирани зрна, односно проектили, да не ги фаќаат и за истото да се јават на 112 во ЦУК или МВР и командата на касарна Прилеп“, појаснуваат оттаму.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи