Во ова издание на „10 ПРАШАЊА СО“ имавме навистина пријатен разговар со секогаш расположената Добрила Грашеска, музичар, која одговараше на многу наши прашања од типот зошто нема возачка дозвола, кога е задумана што прави со косата, што е она најприлепското во неа, освен бои и лакови што друго добро меша, ни раскажа и за тоа што прави како копирајтер. Исто така ни долови какво е чувството да се затвори МТФ Војдан Чернодрински, ни кажа и за тоа дали ќе станела заболекарка ако не била пејачка и уште неколку други прашања. А го имавме задоволството и да ни запее една од нејзините прекрасни мелодии.