Црна хроника во Прилеп

На 17.07 2024 во 20.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.П.(50) од прилепско, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна 55 – годишна сопруга од Прилеп. ПО целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.07 2024 кај Вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Т.(35) од Прилеп затоа што при преглед на патничко возило „ланд ровер” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени марихуана и грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.07.2024 во ОВР Прилеп, Е.Е.(36) од Прилеп пријавил дека  во населба „Тризла“ во Прилеп, неговите малолетни деца биле физички нападнати од Д.Н. и С.Н., двајцата од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи