The Flames со трибјут на Red Hot Chili Peppers вечерва на Камената бина во Прилеп

Во рамките на манифестацијата „Од 0 до култура“, вечерва на Камената бина во Прилеп, со почеток во 21:00 часот, ќе може да уживате во настапот на The Flames, дечките кои за многу кратко време и со голем труд ја вжештија музичката сцена во Прилеп.

The Flames е бенд кој што официјално постои од 11.10.2023 година, во состав од: Сергеј Попоски (вокал), Ивана Стојкоска (водечка гитара), Тамара Радеска (бас гитара), Филип Сотиров (ритам гитара) и Давид Рунески (тапани).

Во првиот дел од вечерта ќе имате можност да ги слушате најголемите хитови од легендарните Red Hot Chili Peppers, а додека во вториот дел The Flames ќе ве забавуваат со песни од многу други различни бендови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи