Прилепчанец кој живеел во с. Ивањевци, општина Могила, уапсен под сомнение за извршена кражба



На 20.07.2024 во 20.10 часот на регионалниот пат  Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р. (31) од Прилеп, со привремен престој во с.Ивањевци, општина Могила и Д.А. (37) од Штип, со привремен престој во с.Ивањевци.

„Тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во с. Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од СВР Битола.  

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи