Прилепчанец прегазил полицајци на крстосницата на ул. „Прилепски бранители” и булеварот „Гоце Делчев”



Полициски службеници се повредени откако се обиделе да сопрат возило со прилепски регистарски ознаки. Кога полицајците се приближиле до возилото, возачот го стартувавал возилото и се обидел да побегне.

„На 12.07.2024 околу 16.00 часот во Прилеп, на крстосница на ул. „Прилепски бранители” и булевар „Гоце Делчев” полициски службеници запреле патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Д.Н. од Прилеп, но кога се приближиле до возилото, Д.Н. го стартувал возилото и при тоа ги повлекол двајцата полициски службеници, при што им нанел телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, известуваат од МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи