Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наследи Буџет во хаос, во кој не се предвидени средства за исплата, а кои биле законска обврска за државата, изјави денеска пратеничката Драгана Бојковска, од коалицијата Твоја Македонија.
Вели дека и со и со такви позиции, граѓаните на Република Македонија нема да бидат оставени и ќе се покаже грижа за никој да не биде заборавен.
„Во овој ребаланс особено внимание се посветува на младите, учениците, студентите, спортистите.
1. Издвојуваме повеќе средства за изградба на спортски сали, а обезбедени се и 550 милиони денари за ваучери во спортот кои беа заборавени.
2. За да обезбедиме учебник за секое дете, кон Бирото за развој на образованието издвојуваме 80 милиони денари. Секое дете заслужува учебник, со цел непречена настава во образовниот процес. Најмладите се наш најголем приоритет.
3. Предвидени се 270 милиони денари за стипендиите. Претходната Влада ги оставила студентите со непланирани исплати за стипендии, нешто што беше својствено за претходната Влада да ги остава студентите со месеци без стипендии. Студентите можат да бидат спокојни, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства и за стипендиите.
4. За студентски оброк – предвидовме 437 милиони денари. Законска обврска која не беше предвидена за исплата во Буџетот креиран од СДСМ и ДУИ. Студентите како наши идни високообразовани кадри не смеат да бидат заборавени и студентскиот стандард не смее да се доведува веќе во прашање. Обезбедени се средства за непречена исплата на субвенциониран студентски оброк и средства за енергетска ефикасност на студентските домови.
5. За оваа година обезбедуваме средства за вработување на 300 специјализанти, со што за само 30 дена од формирање на владата, наоѓаме решение за младите лекари да ги задржиме дома. Следната година уште 300 млади доктори“, изјави пратеничката Бојковска.