На 7 август 2024, среда од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски песни и танци, што Центарот го реализира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија.
На концертот ќе настапат оркестарот Јухас и фолклорната група Дуна Танода од Баја (Унгарија)
Оркестар Јухас
Формиран е во 2000 година. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина, но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли.
Дуна Танода – фолклорно друштво – Баја (Унгарија)
Дуна Танода е фолклорно друштво формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци. Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство претставувајќи ги унгарската култура и традиција.