На 04.08.2024 во 19.20 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.С.(32) од Прилеп затоа што го нарушил јавнито ред и мир со агресивно однесување. Подоцна, Д.С. пријавил дека во 22.35 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп бил физички нападнат од партнерот на неговата поранешна партнерка и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 04.08.2024 на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Т.(40) од Прилеп затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настаот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 04.08.2024 во 08.30 часот во ОВР Прилеп, 26 – годишна девојка од Прилеп пријавила дека на ул.„Кузман Јосифовски” во Прилеп била физички нападната од В.Б. со кого живееле заедно. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.