ЛАГ Агро Лидер го прослави својот 10-ти роденден!

ЛАГ Агро Лидер денес прослави 10 години постоње, 10 години напорна работа, 10 години посветеност, 10 години градење на вистински вредности, 10 години придонес кон заедницата, 10 години неформално образование, 10 години успешна приказна наречена ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Кога една идеја за заедничко поврзување со една цел – придонес за одржливи рурални заедници ќе стане реалност и УСПЕШНА ПРИКАЗНА.

Придонесот кој ЛАГ Агро Лидер го дава во развојот на социјалниот, економскиот и еколошкиот аспект на руралните области денес е неприкосновен. Докажаа дека со макотрпна работа можен е спој помеѓу невладиниот сектор, локалните самоуправи и сите останати чинители на општеството со цел создавање на една поубава средина за живеење.

Тимот на Инфо Компас го честита јубилејот и посакува уште многу успешни приказни создадени од ЛАГ Агро Лидер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи