Кривични пријави за 2 групи прилепчани поради насилство

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ф. (41), С.Ф. (38) и С.Ф. (27), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 18.08.2024 пред семејниот дом пријавените физички ги нападнале Е.А. и неговиот син Т.А..

СВР Битола поднесе кривична пријава против  Т.А.(24), Е.А.(48), Џ.А.(34), З.А.(41), А.М.(28) и Ш.А.(74) сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 18.08.2024 во домот на К.Ф. поради претходна меѓусебна расправија,  пријавените почнале да му упатуваат закани, а во расправијата се вмешале братот на К.Ф., А.Ф. и нивната сестра Ш.Ф., со намера да ја смират состојбата, но пријавените физички ги нападнале К.Ф., А.Ф. и Ш.Ф., а употребени биле и тврди предмети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи