На 1-ви ноември ќе се одржи деветотто издание на „Прилеп Фест 2024“

На 1-ви ноември во домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика – „Прилеп Фест 2024“.

На деветотто издание учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.

„Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.

Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да не чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година не очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме“, велат организаторите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи