ВИДЕО – Со над 30 клубови од 8 држави утре започнува Меѓународниот турнир во џудо „Прилеп Град Херој-2024“

Утре во Прилеп, во организација на ЏК Сеишин-Прилеп, со поддршка на ЏфСМ ќе се одржи 14-ти Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо „Прилеп Град Херој -2024“. Турнирот е за возрасните категории Деца ( У11), Помлади ПИОНЕРИ-КИ ( У13) и ПИОНЕРИ-КИ ( У15). Пријавени земји учеснички:  Бугарија, Грција, Грузија, Србија, Црна Гора, Косово, Кипар, Шкотска и Македонија. Карактеристично за турнирот оваа година е тоа што за прв пат ќе настапат клубови од  Грузија, Кипар и Шкотска. Овој Меѓународен Традиционален Турнир се одржува по повод празникот 11 Октомври.


Оваа година турнирот е за возрасните категории деца до 11 години, помлади пионери до 13 години и пионери до 15 години. Џудо клубот Сеишин од Прилеп како технички организатор ги презеде сите мерки и активности и ги исполни условите кои ги налага Џудо Федерацијата на Македонија за организирање на еден ваков настан.

Оваа година на овој турнир ќе имаме присутни 30 клубови од 8 држави и ми преставува особена чест и задоволство да презентирам дека за прв пат во нашиот град на овој меѓународен турнир имаме екипа од Грузија, имаме екипа од Шкотска и една екипа од Кипар. Останатите екипи се стандардните од нашите балкански простори, кои вообичаено земаат учество на нашиот турнир, а морам да кажам со најголем број клубови традиционално на овој наш турнир неколку години наназад е Република Грција.

Исто така на овој меѓународен турнир ја продолжуваме традицијата за покана и присуство на ВИП гости, т.е. лица кои значат нешто повеќе во џудо спортот, односно се носители на поголеми меѓународни титули, европски и светски медаљи, учесници на олимписки игри. Само кратко ќе ги претставам нашите годинашни ВИП гости, ќе почнам од највозрасниот до најмладиот, тоа е господинот Павле Бајчетич, кој е роден на 21.04.1945 година и моментално има 79 години. Павле бил 8 кратен првак на Југославија, 4 кратен вице шампион и 6 пати третопласиран. Има освоено и повеќе титули како член на екипни натпреварувања. Освојувач на е 5 место на Олимписки игри во Минхен 1972 година. Освоил сребрен медал (2 место) на Медитеранските Игри во Измир 1971 година и златен медал (1 место) на Медитеранските игри Алжир 4 години подоцна. Натпреварувачката кариера ја завршил на 39 годишна возраст за потоа неколку денецинии да ја продолжи кариерата како успешен џудо тренер. Носител е на 8 дан мајсторски појас.  Занимливо за Павле Бајчетич е тоа дека бил репрезентативец на Југославија во уште 3 спортови по што се зидвојува и е единаствен.   Бил Јуниорски првак на Југославија во Бокс, и 5 пати репрезентативец. Освоил сребрен медал во борење слободен стил на медитеранските игри во Измир во 1971 година. Три години подоцна бил вицешампион на Европа во самбо на Европското Првенство во Мадрид Шпанија.

Потоа господинот Љубомир Станишиќ роден 1952 година. Долгогодишен успешен натпреварувач и тренер на ЏК Динамо од Панчево. Во својата кариера има освоено многу шампионски титули, меѓу кои учесник на олимписки, европски и светски натпревари. Бил тренер на женската репрезентација на Југославија 6 години, генерален секретар на Џудо сојузот на Војводина, претседател на натпреварувачката комисија на Џудо сојузот на Југославија. Како тренер и учесник бил на олимписките игри во Барселона 1992 година. Добитник бил на најголемото спортско признание „Спартак“ за Војводина и добитник на октомвриската награда на град Панчево и многу други награди. Носител е на црн појас 7 дан и спортски директор на џудо клуб Динамо и се уште активен тренер на сениорската екипа во првата лига во Србија.

Неговиот брат господинот Славко Станишиќ е роден 1957 година, со џудо почнал да се занимава во средното училиште за внатрешни работи. Освојувач е на многу медаљи на ниво на Југославија, бронзена медаља на екипно Европско првенство 1986та, сребрен медал на Медитеранските игри во Сирија, сребрен медал на Интерконтиненталниот куп Европа-Азија-Африка во Истанбул 1987. Како член на екипата Партизан Хинс од Нови САД од 1981 до 1986 освојува прво место на ниво на Југославија и други шампионати. Исто така е се уште активен џудо ветеран, има освоено 20 медаљи од европски и светски првенства, има освоено 11 златни, 6 сребрени и 3 бронзени медаљи. Петтократен светски првак и шестократен првак на Европа. Носител е на црн појас 8 дан, моментално се спрема за Светското првенство во Америка во Лас Вегас и ќе се обиде да ја одбрани својата титула во старосната категорија М8, во тежинската категорија +100 килограми.

Господинот Павле Буљчик, роден 1960 година, 3 дан мајсторки појас со кој се стекнал во 1982 година. Репрезентативец е на репрезентацијата на Југославија од 1973 до 1980 година, во сите селекции на пионери, кадети, јуниори и сениори. Бил балкански вицешампион во Атина, учесник е на Кадетското првенство на Европа во Источен Берлин 1977 со петто место,  Јуниорско првенство на Европа во Будимпешта 5 место, Сениорско првенство на Европа во Брисел, каде има остварено 2 победи и потоа е елиминиран, итн. Господинот Павле Буљчик по втор е гостин на овој наш турнир и сакаме особено да се заблагодариме.

Господинот д-р Зоран Манчев  е роден на 17.09.1960 година и моментално има 64 години. Со џудо почнал да се занимава во родниот град Врање р.Србија. Потоа преминува во Џудо Клуб Партизан Хинс од Нови Сад. Д-р Зоран Манчев бил 2 пати вицешампион на Југославија во тешка категорија и тоа еднаш за јуниори во 1979 во Битола  и еднаш  за сениори во 1982 во Белград. Исто така како член на екипните натпреварувања носител е неколку шампионски титули на Југославија со шампионската екипа на ЏК Партизан Хинс од Нови Сад. Инаку Зоран Манчев е д-р на Медицина  и се занимавал со спортска медицина.  Истиот за прв пат гостува на нашиот трунир и му се заблагодаруваме за неговото присуство“, истакна Дејан Мицкоски, ЏК Сеишин Прилеп.

 

Во секој случај да се заблагодарам на ВИП личностите кои се на нашиот турнир, благодарност до претседателот на Џудо Федерација и генералниот секретар кои не почестија со нивното присуство. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе имаме успешни борби, без повреди. Некои од гостите се за прв пат овде, им посакувам топло добредојде и ништо повеќе од тоа само да нижат добри успеси. Се надевам дека после турнирот ќе си заминат со добри спомени и тие кои дошле прв пат и тие кои доаѓаат по втор пат, па следната  година да бидеме во сличен број, не мора ни повеќе ни помалку. Во секој случај статистиката на натпреварот ја почна тренерот на џудо клубот Сеишин во делот на кој број по ред е турнирот и би сакал само добри натпревари и многу малку повреди“, рече Дејан Ширкоски, претседател на ЏК Сеишин.

 

Пред се да се заблагодарам до џудо клуб Сеишин за денешната покана за наше присуство овде, мое и на генералниот секретар на Џудо Федерацијата. Морам да ги поздравам личностите лево и десно од мојата страна, затоа што ми е чест да седам денес покрај вакви еминентни лица кои оставиле длабока трага во Југословенското џудо и кои секогаш за нас беа идоли. Оние кои вежбавме џудо ги имаме денес сите идоли на кои се огледувавме кога бевме млади, кога бевме деца и кога трениравме. Стварно ми е голема чест што денес сите овие личности се присутни во Прилеп и ни го збогатија овој турнир. Околу турнирот немам многу што да кажам, само можам со сигурност да потврдам дека го имаме најдобриот турнир во Македонија, кој очигледно прерасна во еден одличен меѓународен турнир и ги поздравувам заложбите на раководството, на тренерот за сето ова што го прават ентузијастички, за да имаме квалитетно џудо во градот и во Македонија и на тој начин нормално и самата Федерација има придобивки. Само ги охрабрувам да продолжат вака, затоа што  сепак само на ваков начин можеме да го поддржиме и да го пораснеме џудото во Македонија и очигледно ни требаат вакви ентузијасти, вакви луѓе се повеќе и повеќе. Уште еднаш, посакувам успешен турнир утре, се надевам како и претседателот на клубот дека ќе има одлични борби, дека ќе протечи се најдобро и дека догодина ќе имаме нови земји учеснички кои за прв пат ќе го посетат Прилеп, ќе ја посетат нашата Македонија и ќе видат дека и во Македонија имаме џудо“, изјави Владимир Трпаноски, директор на Џудо Федерација на Македонија.

 

Ги поздравувам сите присутни, прв пат сум овде, моите другари биле претходните години, но јас сум за прв пат оваа година на овај 14 традиционален турнир. Морам од старт да кажам дека сум воодушевен од гостопримството и дружењето со вашите џудисти, кои нас не пречекаа како браќа. Децениското и вековно пријателство меѓу Србија и Македонија ќе трае, Киро како еден од главните носители на овие работи го запознав уште одамна, па во Белград, Нови Сад, а често се слишаме и по телефон. Знам дека воопшто не е лесно за неговите соработници и пријатели да одржат еден џудо клуб вака стабилен и јак и ваков турнир да организираат знам дека е голема работа, бидејќи претходно сум учествувал во многу организации, балкански, европски турнири и знам колку тука треба работа. Мора да има и добри соработници, а јас верувам дека ги има. Киро, прво ти благодарам за поканата, благодарам за пријателството и на прекрасниот пречек. Да додадам дека нема ништо поубаво за младите од тоа да се занимаваат со спорт, а јас би сакал тој спорт да биде џудо, бидејќи џудото е познато како спорт кој многу добро ги развива психофизичките особини. Секој човек кој се занимава со џудо станува самоуверен, појак и сите напори кои го очекуваат во текот на животот полесно ги поднесува. Без разлика дали станува збор за физичка работа, за учење, за психичко оптеретување, сето тоа полесно го пребродува еден џудист кој е во кондиција, така да јас навувам за џудото и што повеќе младината да биде со џудото, бидејќи ќе биде поздрава, поспособна за сите обврски кои ги очекуваат во животот, ќе го изградат своето тело, докторите знаат дека се подобрува крвната слика, подобра исхрана на секој дел од телото, кожата е затегната, мускулите стегнати, а кога ќе дојде лето сите сакаат да изгледаат убаво, и девојките и момците. Така да џудото има повеќе придобивки и јас сакам да што повеќе се зголемува семејството на џудисти“, Павле Бајчетиќ, гостин од Србија.

 

Јас сум Фајнчнер Хавнес, ние сме дел од Џудо Фередерацијата на Шкотска, од клубот Титан. Јас и мојот син дојдовме тука да се натпреваруваме, да ја зголемиме џудо фамилијата и се надеваме дека ќе победиме, но и дека ќе се вратиме наредните години и повторно ќе се натпреваруваме во иднина. Уште еднаш, ви благодариме“, вели Фајнчнер Хавнес гостинка од Шкотска.

 

Не би имал што да додадам после нашиот претходен доајен и легенда Павле Баљчик. Тоа што го рече го мислам истото, го прифаќам ова како едно убаво дружење и спорт нема граници, особено овој со кој ние се занимаваме. Ви благодарам на убавиот пречек и бидејќи и јас сум за прв пат во Прилеп“, додаде Славко Станишиќ, гостин од Србија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи