Општина Прилеп со богата програма за престојниот празник 11 Октомври, која започнува денес со џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“, во организација на џудо клубот Сеишин од Прилеп, кој се одржува во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“. Во центарот на градот кај Камената бина пак се одржува еколошки настан за собирање на текстилен отпад.
Активностите продолжуваат на 8ми октомври со концерт на Ансамблот Македонија.
На 9 октомври ќе се одржи хуманитарен концерт на стадионот на Могилата на непобедените, „Сплотени за Никодим“ со почеток од 18:00 часот, а во исто време ќе има Вечер на родољубива поезија во Градска библиотека „Борка Талески“. Во 20 часот е организирана изложба на фотографии во Лапидариумот од НУ Завод и музеј Прилеп.
Наредниот ден на 10 октомври програмата продолжува со формирање на македонското знаме на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, како и изложба на фотографии од Владимир Лукаш во НУЦК „Марко Цепенков“. Централната манифестација ќе бидена Камената бина и плоштадот „Александрија“ со настап на КУД „Пере Тошев“, импровизиран напад на Участакот и огномет, а продолжува со концерт на групата „No Cigarettes“.
На 11 октомври од 09:30 ќе се положат цвеќиња на спомениците на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, како и на Могилата на непобедените. Во центарот на градот ќе биде организирано автомобилскот шоу „Tuning Car Show“, додека крводарителска акција ќе се спроведе во просториите на Црвен Крст Прилеп.
Од 9 до 12 октомври во центарот на градот, на плоштадот Методија Андонов Ченто традиционално ќе се одржи Фестивалот на медот, додека на 12 октомври на платото кај Градскиот Саат ќе биде организиран Саем на земјоделските прозиводи од страна на ЛАГ Агро Лидер.