Регулаторната комисија за енергитка донесе Одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати.
Согласно таа Одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д- Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.09.2024 година и со тоа:
-малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит,
-малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит,
-додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.
Цената за екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 68,50 денари за литар, додека мазутот поскапува за 1,108 денари и еден килограм ќе чини 42,780 денари.