На 05.10.2024 во 11.55 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „форд” со крушевски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(61) од Крушево, удрило во паркирано патничко моторно возило „ауди” со крушевски регистарски ознаки.
В.Д. со возило на Итна медицинска помош Крушево била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.