Руралната жена во Македонија е неограничен капацитет кој треба многу повеќе да се искористи и кој во моментов треба да добие далеку поголема поддршка од државата. Руралните жени се столбот на земјоделските фамилии и иноваторите на сите домашни традиционални специјалитети. И оваа година во Прилеп во организација на ЛАГ Агро Лидер сe одржа Саем на земјдоелски производи на руралната жена.
„Руралните женис е вклучени и во производството на култури и во преработата на културите и во нивниот пласман, нивниот труд е некогаш платен некогаш неплатен, се уште непрепознатлив, нио сите ние ги чувствуваме бенефитите поради тоа што храната на нашите трпези доаѓа токму од нив“, изјави Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Жените земјоделки побараа поголема поддрршка и помош од државата пред се околу пласманот.
„Особено за тоа треба да помогне и државата, но и локалната заедница како општините бидејќи треба да им се дозволи повеќе простор за да може ги искажат своите таленти и своите можости“, рече Гордана Цветаноска, жена земјоделка.
„За пласманот треба да има повеќе вакви пазари, базари, малку поголема промоција на жената од руралната средина која што сака да се занимава со сопствено производство“, изјави Цеца Видова Трајческа, жена земјоделка.
„Да се вложи повеќе, да има повеќе вакви манифестации организирани од државата и општините“, кажа Јелена Боризоска, жена земјоделец.
Ѓомлезе, ајвар, мед, разни видови на сирења, џемови, лековите ликери и разни рачни изработки и годинава беа дел и од овој настан.
„Пред се да се оди со планирано производство Откупните цени се лотарија, целото земјоделство е лотарија, произведуваме, а одиме или – или, а вложуваме многу труд“, истакна Елизабета Улиманова, земјделка од Општина Кривогаштани.
„Пред се треба да има поддршка на земјоделието која што е наша изворна гранка. Ако се потрудиме да го задржиме, да го осовремениме, тогаш ќе имаме и убави села и убави градови“, додаде Гоце Младеновски, земјоделец.
Жените земјоделки истакнаа дека во моментов се дискриминирани во однос на жените ор урбаните средини затоа што како законско решение се уште немаат платено породилно отсуство.