Донесовме одлука за започнување со работа на новиот објект на Јавната општинска установа Детски градински „Наша иднина“ и одлука за трајно отстапување на објектот кој ќе се вика „Бајка“ на користење на „Наша иднина“. Ова е проект кој е започнат 2021 година, кој е финансиран со сопствени средства од Општина Прилеп во висина од 133 милиони денари, станува збор за убав објект во кој ќе бидат примени 218 деца, истакна Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Совет, на денешната прес конференција.
„Очекуваме во наредниот период да се добијат и согласностите од Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, Министерството за финансии за новите вработувања кои се предвидени да бидат во овој објект, некаде се планирани околу 30 вработувања кои ќе бидат од воспитувачкиот и техничкиот персонал. Одлуките на Советот се потпишани, директорката на Детски градинки ги има пратено до министерствата и се надеваме дека во најбрз временски период ќе го имаме фидбекот од тие министерства и на тој начин ќе може да се обезбедат и вработувањата.
Со отворањето на овој објект го решаваме дел од проблемот од големата листа на чекање на деца, како што кажав 218 деца ќе бидат згрижени во рамките на овој објект. Ние и како политичка партија, а еве сега и како локална власт, односно ја практицираме власта на локално ниво можам да кажам дека она што го имаме ветено во програмата со која излеговме пред нашите граѓани интензивно работиме на таа програма и веќе го разгледуваме проектот за нова градинка во населба Рид. Дадена е насока или налог за работа на ЈП за ПУП, кои прават идејно решение за градинка во Рид која ќе биде со помал капацитет од оваа, но се надевам дека за брзо време, доколку го стигнат урбанистите идејното решение, но не само идејно решение, ќе треба и готов основен проект, се надевам ако успееме до Нова Година и да аплицираме со тој проект на повикот од Влада за финансирање на капитални проекти од општините.
Висината на цената на овој објект е 133 милиони денари и целата сума е исплатена од сопствени средства од основниот Буџет на Општина Прилеп“, рече Стерјоска Локвенец,.