ВИДЕО -Здружението „Мајка традиција“ од Прилеп 19 години достоен чувар на нашата, култура, историја и традиција


Драги гледачи ова утро се наоѓаме во просториите на здружението „Мајка традиција“ од Прилеп кое што годинава слави 19 години од своето постоење. Се наоѓаме во еден навистина прекрасен објект каде имаме можност да погледнеме голем број на рачни изработки во однос на облеката, она што порано се употребувало, но исто така гледаме и една прекрасна и богата трпеза со исто така традиционални рецепти. „Виновниците“ за сето ова се членките на ова здружение, кое опстојува веќе 19 години.


Тука од мојата лева страна е претседателката Љубица Петреска, која што ќе ни каже малку повеќе за оформувањето на ова здружение и за овој ден кој вие го славите како ваш роденден?

Петреска: Дарко ви благодарам и им благодарам на моите членки што денешниот ден го направивме да биде поразличен отсекогаш. Ние на овој ден пред 19 години ја основавме оваа организација и да ви кажам на нашето домаќинско работење, на нашата слога, затоа што ние истите членки сме тие години, сме дошле до еден ваков убав објект, во една убавина во која можеме се да прославиме, дали тоа било роденден, дали било именден, дали било Велигден, Св. Илија, Богородица, 11 Октомври, дали државните празници, религиозни, се можеме тука затоа што досега можевме да изнесуваме и на плоштадот, кај Саатот, кај Комерцијална банка, кај ѕидот да си правиме килимијади на овој ден. Сме правеле заедно со занаетчиите, сме правеле заедно манифестации со медарите, со сите. На тој ден една година беа од иселеничкиот џубокс пејачи, па ни е украсено, можете само да видите на фотографии и да се потсетите што работела „Мајка традиција“, така да сме можеле, сме биле помлади. Но сега се договараме, затоа што годините малку ни поодминаа, затоа бараме подмладок и ќе славиме се што сакаме најубаво, што ни е пристојно и што ни е потребно нас овде. Оваа година посебно внимание ќе дадеме на зимницата.

Што им подготвотено тука од страна на зимница?

Петреска: За зимницата ние од 3 до 5 недели се трудевме да си направиме, но си помагаме, сите заедно си направивме слатко од кајсии, џем од кајсии, мармалад од кајсии, слатко од смокви, ајвар и лут и благ бидејќи кога ќе дојдиме овде не знаете како си густираме и како си се чувствуваме. Роденденот ни е денес, но уште поубаво ќе го славиме на самиот ден Пречиста, кога сме регистрирани како здружение, тогаш го славиме уште поубаво, но се што славиме е со убава енергија и позитивност. „Мајка традиција“ нема на што не учествувала и за што не дала прилог за некој друг да види и да направи, гледам и по телевизии имаат предност да видат и да направат и некои други. Што имаме направено овие години, како фестивалот во Охрид, како сме го добиле Гинис, како уште од првите членки имаме Третоноемвриски награди, плакети, дипломи, можете да ги сликате, не можам да ги избројам. За ковидот бидејќи сите бевме дома си направивме еден календар и верувајте тој ќе ни биде долговечен, затоа тука малку сме понерасположени, но сами си го правиме амбиентот.

На календарот имате ваши фотографии?

Петреска: Да, 12 фотографии имаме каде сме оделе за време на ковидот.

Навистина интересен календар.

Петреска: „Мајка традиција“ се што е најубаво го опфатила во програмата.

Да се вратиме на почетоците, која беше идејата за формирање на здружението, зошто се оформи ова здружение?

Петреска: Затоа што одевме во една друга организација и дојдовме многу членки и ни дојде многу, едни сакаа едно, други друго и решивме со договор да си направиме нова. Плус тоа на постарата организација вака и викаме, не покануваат да виткаме сарми на плоштадот, не рече не можеме ние, тоа е прехрамбена работа, да не се зафаќаме и ние како „Мајка Традиција“ рековме ние ќе виткаме и ќе земиме на ризик. Тие 2 работи не натераа си направиме нова организација и почетокот ни е нас почнат со сармите.

Кога Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди?

Петреска: Прилеп влезе со сармите, но почетокот на сармите виткање беше од „Мајка традиција“, прво за Симон Наумоски. Втората година не прашаа, како ќе биде да се пријавиме за Гинис, дали ќе можеме? Јас како постара претседателка на организацијата, ги здружив сите здруженија заедно пак да бидеме, бидејќи ние сме од градов и треба да се одликуваме, да знаат кои се здруженијата, да знаат дека се квалитетни жени тука, а не да се караат, туку во секое време да бидат заедно сите здруженија.

А целта е да се зачува традицијата.

Петреска: Целта е да се зачува и да се добие Гинис тогаш и си тргнавме напред секој со својата обврска.

Гледаме тука навистина интересни облеки, колку се стари овие народни носии?

 Петреска: Овие стари носии, јас имам 3-4 што се лично мои, тие ми биле од бабите, сигурно се над 150 години. Си ги чуваме, си ги негуваме, погледнете како светат, со таков мерак. И најголемата обврска што сме ја имале ние како „Мајка традиција“, што сме си ја зеле сами, на 13 манастири сме домаќини секоја година, сите заедно готвиме, печиме, пржиме риби, грав си вариме, што и да треба заедно и своерачно.

Навистина во оваа соба може да се почувствува духот на традицијата, од облеката па се до оваа прекрасна трпеза со традиционални рецепти.

Петреска: Во оваа соба може да се почувствува од подот послан.

Дури и килимите се стари.

Петреска: Ете така.

Освен искуството и традицијата од мојата десна страна ја имаме и новата членка.

Петреска: Подмладокот, јас мислам дека ова што го гледаат на телевизија и ова што го чувствуваат многу млади ќе го заземат ова нешто за да го продолжат.

Како што кажавме вие сте подмладокот на ова здружение, да ни се претставите и зошто одлучивте да бидете дел од него?

 Груеска: Најпрво ви благодарам за поканата и ви благодарам уште еднаш на сите, ги поздравувам сите членки кои со нивните вредни раце направиле толку убави специјалитети кои после ќе ги дегустираме. Јас сум Емилија Груеска, дипломиран економист по меѓународна економија, овде сум со цел ова нешто што жените го вложиле со својот труд, долгогодишни нивни зачувани рецепти од прабаби, баби и тие традиции се сочувани и секогаш ќе останат запишани некаде во старите тефтери, тоа можам да го кажам како чувство, и јас сум пораснала покрај добри личности, мојата баба и поздрав до мојата мајка која секогаш стои зад мене и која многу сум научила, секако моите комшивки, моите членки постари кои треба да ги чуваме и секако да им помагаме од модерното време. Сега овие модерни настани и случувања во Македонија можам да кажам и сакам и да им помогнам, бидејќи јас сум член во повеќе здруженија, организации и настани што се случуваат во нашата околина, да речам за мојот град Прилеп, а исто така и за цела Македонија, имам сертификат за туристички водич и зборувам неколку странски јазици, но сакам на овие жени да им се оддолжам, да им помогнам оваа традиција да се види во светски рамки, на некој начин да го претставиме мојот град, градот херој Прилеп, да се запознаат луѓето, да знаат што имаме, кое богатство го имаме, затоа што тука се врежани сите нишки во овие копчиња, во овој материјал, природни работи што се користеле од свила, од конец, волната, сето рачно изработено, тоа е огромно, големо богатство и треба да се чува и младите треба тоа да го знаат. Ќе подадам рака на овие жени да светот слушни за нив.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи