Со задоволство ве известуваме и покануваме на деветтото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп Фолк Фест“ кој ќе се одржи на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков“ во 19:30 часот. Фестивалот оваа година е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани Мјузик Фест – Прилеп“, а под покровителство на општина Прилеп.
„Советот на фестивалот ќе ви понуди прекрасни македонски современи песни, изведени од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од врвни македонски автори. „Прилеп Фест“ останува еден од симболите на нашиот град. За да оваа вечер биде посебна, ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Анета Љумаковска, Спасен Сиљаноски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Андријана Ацевска, Ташко Каранфиловски, Бојан Палиќ, Сања Цинцева, Лилија Семкова, Суад Усеин Цуле, Мики Тра Ла Ла, Вукица Челебиева, Жаклина Маркоски и Група Фортуна. Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни, изведени од најдобрите уметници од земјава и странство“, истакнуваат од Советот на фестивалот.