„Дури и глувците одат во рајот“ со проекција во сабота во кино Мис Стон

На 16 ноември 2024, сабота од 12.00 часот во кино Мис Стон ќе се одржи проекција на филмот „Дури и глувците одат во рајот“, во режија на Јан Бубеничек и Дениса Гримова. Филмот е од 2021 година и е синхронизиран на македонски јазик

Кратка содржина:

Филм за двајца смртни непријатели – малото глувче Визи и лисицата Вајтбели кои по еден несреќен настан се среќаваат во животинскиот рај. Тие ги губат своите природни инстинкти и стануваат најдобри пријатели. Нивната желба да останат заедно откако ќе се вратат на земјата се остварува, но тие повторно се раѓаат во спротивни улоги. Благодарение на моќта на пријателството тие можат го надминат дури и она што се чини дека е невозможно.

Влезници за филмот  можат да се набават на билетарницата од киното Мис Стон во петок од 10 до 12.00 ч. и во сабота – еден час пред почеток на проекцијата на филмот!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи