Во петок на 22.11. во храмот „Св. Петка“ во Прилеп ќе бидат изложени мошти од големиот светител и чудотворец Св. Нектариј Егински

Со голема духовна радост Ве известуваме дека во петок, на 22 ноември 2024 година, во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, ќе го чествуваме споменот на големиот светител и чудотворец Св. Нектариј Егински. По овој повод, прв пат во нашиот град, ќе бидат изложени мошти од овој светител, што претставува особен благослов за сите нас, информираат од храмот Света Петка во прилеп.

„Св. Нектариј Егински е еден од најпочитуваните светители во православниот свет, познат по својата длабока вера, смирение и чудотворни дела. Манастирот што го основал на островот Егина во Грција денес е едно од најпосетуваните поклонички места, каде илјадници верници се собираат за да му се поклонат и да побараат негово застапништво. Особено е познат како голем исцелител од душевни и телесни маки, а многумина сведочат за исцеленија од најтешката болест на нашето време – ракот.

На овој ден, прилепчани ќе имаат можност со поклонение пред неговите мошти да ја искажат својата почит и љубов кон св. Нектариј и да го замолат за застапништво пред Божјиот престол.

Го покануваме верните прилепчани да ни се придружи на ова молитвено торжество и да го почувствуваат благословот и духовната радост што ги носи присуството на светињите“, додаваат од црквата Света Петка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи