Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Прилеп поднесе кривична пријава против А.К.(32) Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување лажни докази“.
Со намера да се стекне со нова патна исправа, а со цел да избегне одбивање на влез и да оствари влез и да престојува во Р. Швајцарија, пријавениот патната исправа ја пријавил за изгубена, а потоа ја оштетил и на 22.10.2024 во Одделението за управни работи Прилеп поднел барање за издавање дупликат патна исправа во која доставил изјава.
Пријавениот претходно во повеќе наврати вршел предвремена замена на патните исправи, пријавувајќи ги како изгубена и оштетена.