Продолжуваат работилниците кои се дел од проектот „Денови на Свети Климент Охридски“, во организација на НВО „Платформа за креативно концепти“, а во кој проект учествуваат ученици од сите основни училишта од Прилеп и од основното училиште „Пецо Даскалот“ од с. Долнени.
Работилниците се работат во три групи, ликовна уметност која ја раководи Александар Џинго, групата по историја која ја раководи Горјан Василевски и литературната група по македонски јазик која ја ракови Наташа Кулевска.
Работилнците сс работата во административните згради на храмовите Св. Кирил и Методиј – Параклис, Св. Благовештение – Стара Црква и Св. Петка во населбата Точила.
Целта на проектот е преку овие работилници учениците ќе го прошират знаењето на Свети Климент Охридски. Овој проект е на некој начин продолжување на претходната активност на ова зружение, проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“ кој се одржа на 24 мај по повод празниот на Светите браќа. Завршниот настан од овој проект ќе се одржи на 8 декември.