Изложбата „Ветување“ од Маја Ралева Миладиновски е отворена синоќа, 21.11.2024, во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.
Истата е работена од 2016 со мали надополнувања во 2022 година, при што се создадени 20 мал формат слики 10 х 10 см, и 15 слики на картон, сите се поделени на пет препарирани платна каде композициски се распоредени како една голема слика. Уметницата Маја Ралева Миладиновски вели дека изложбата „Ветување“ е приказна од деценија и пол, исполнета со многу раскажани случувања на мал сликарски формат, преточена во сликарска инсталација од пет големи платна на кои се поставени мал формат сликарски секвенци кои раскажуваат приказна на сеќавање.
Изложбата ја отвори Елена Оровчанец, која посочи дека делата од Маја ги исполнуваат дадените ветувања и споделуваат.
„Споделуваат преку боја, форма, композиција, поставеност на фрагментите. Маја не би била Маја доколку и во сликарството не внесе тродимензионалност, не ја доближи сликата до гледачот со сите можни расположливи средства. Впрочем тоа е и нејзината вокација, вајарството. А, изложбата е посветена на големиот човек Јован Ристов, кој целиот свој живот го посвети на заштитата на културното наследство“, рече Оровчанец.
На академската уметница Маја Ралева Миладиновски ова и е 12 самостојна изложба.