ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Ш.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
При контрола извршена на 08.09.2024 на локален пат во кичевското село Тајмиште, полициските службеници констатирале дека тој управувал моторно возило „опел фронтера“ за кое немал сообраќајна дозвола, не било царинето и не постоело во службените евиденции , а било со регистарски таблички кои припаѓаат на друго возило.