Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Facebook
Twitter
Email
Print


На почетокот на декември ќе се знае кои прозуводи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува Министерството за економија, најавува заменик министерот Марјан Ристески.
Вели дека списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат повеќе стотини производи со пониски цени.

Ристески не сакаше да ги открие сите детали, но најави дека станува збор за поразличен пристап во однос на намалувањето на цените, во однос на есенската кошничка, но без да прецизира каков.

Есенската кошничка која опфаќаше стотина производи беше со органичувачка маржа од 10%, но дел од економските аналитичари, а и граѓаните оценуваа дека не ги дала очекувани ефекти.

Ристески вели дека биле направени детални анализи во кои се разгледувале пропустите од есенската кошничка, но сепак смета дека била позитивна.

Во подготовката на новогодишната кошничка биле вклучени стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите, а деталите се очекува да бидат соопштени на прес конференција следната недела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи