ВИДЕО – ДНУ Прилеп ја промовираше монографијата „Здружение на возачи Прилеп 1956 – 2024“ од Благоја Бошкоски – Окото

Facebook
Twitter
Email
Print



Друштвото за наука и уметност од Прилеп во просториите на ЈОУ ГБ „Борка Талески“ – Прилеп ја промовираше монографијата „Здружение на возачи Прилеп 1956 – 2024“ чиј автор е Благоја Бошкоски – Окото, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп. Бошкоски го опфаќа периодот од изминативе 68 години во кој постепено се моторизира Прилеп и Македонија. На 20.09.2956 година се формира Здружението на возачи и автомеханичари Прилеп или скратено ЗВАП, кое подоцна преминува само во Здружение на возачи Прилеп. Ваквите ЗВАП од повеќето градови на Македонија во 1957 година го формираат Сојузот на здруженија на возачи и автомеханичари на Македонија.  Суштината на оваа монографија е да се сочуваат од заборав спомените на бројни настани и членови на ЗВАП. Посебна заслуга за зачувување на меморијално архивската и друга документација на ЗВАП има нејзиниот долгогодишен секретар Божидар Бошкоски.

Модератор на промоцијата беше проф, д-р Силвана Пашоска, промотор Тодор Алексоски, а се обрати и рецензентот на книгата и почесен пртетседател на Друштвото за наука и уметност од Прилеп, проф. д-р Љупчо Попоски. Завршниот збор секако го имаше авторот на ова значајно дело Благоја Бошкоски – Окото.

Погледнете како изгледаше промоцијата и што беше истакнато на неа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи