Од први јануари цената на струјата се зголемува од 0.68 до 2.24 отсто

Facebook
Twitter
Email
Print

Од 0.68% до 2.24% ќе се зголемат сметките за струја за домаќинствата од 1 јануари, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Зголемувањето на цената по блокови е најголемо во четвртиот блок – 2.24%, во првиот блок зголемувањето е за 0.68%, во вториот за 0.9% и во третиот блок за 1.93%.

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 0.92%.

Тоа значи дека на едно просечно домаќинство во земјата коешто има сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денес информираше дека ЕВН Хоме на почетокот на месецот доставиле на контрола и разгледување одлука со која барале цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти, што е коригирано со цел да се заштити стандардот на граѓаните и да не се предизвика голем ценовен шок.

„Ова е прва одлука во која е искористен контролниот механизам за утврдување на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи“, рече Бислимовски.

Од 1 јануари ќе има зголемување и на цената на ефтината тарифа за 0.9%.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи