Денес на 19.12.2024 година го славиме раѓањето на Блаже Конески, кој е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.
„Горди смe како Национална Установа Завод за заштита на спомениците и културата и Музеј – Прилеп, што куќата на Блаже Конески е нашето вистинско место – светилиште и духовен простор за нашата опстојба. Испреплетената историја на Конески, поврзана со светецот Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, кој се слави на овој ист ден е и патрон на нашиот град Прилеп, но и на селската црква во село Небрегово која е посветена на Свети Никола. Пред бистата на Блаже Конески во Спомен домот „Блаже Конески“ во село Небрегово, свежо цвеќе положија: Делегација од локалната самоуправа од Општина Прилеп, делегација од НУ Завод и Музеј-Прилеп, директорката и претставници од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп“, информираат од прилепскиот Завод и музеј.