ВИДЕО – Нова фасада, партерно уредување и биста, реконструкција на оградата и бината – дел од најновите инвестиции во ООУ „Кочо Рацин“


Нова фасада, реконструкција на оградата, ново партерно уредување, нова биста и реконструкција на бината во училишниот двор се само дел од најновите инвестиции во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп кое денеска го одбележа својот патрон празник. Вкупната сума на овие градежни зафати чинеше над 4,7 милиони денари. Училиштето доби и нова ресурсна соба за децата со посебни потреби, а нема училница која што комплетно не е обновена започнувајќи од подовите, клупите, столчињата, набавката на смарт табли, компјутери, таблети, лаптопи, прожектори и други современи технички нагледни средства кои што им помагаат на учениците за подобро и побрзо совладување на материјата.

„Во последнава година имаме реконструкција на фасадите на двете училишта и подрачното и централното, партерно уредување, реконструкција на оградниот ѕид. Беше ообновена, поплочена бината на училиштето. Исто така по долги децении направивме и нова биста на Кочо Рацин. Во нашето училиште во сите училници имаме смарт табли, обнивени се доста клупи и столчиња, шкафови, потоа имаме набавено таблети, лап топи, печатачи. Јас крајно за ова сето сум благодарна на Општина Прилеп, на МОН, голема благодарност и компаниите Гентерм и Комфи Ангел, но исто така ние имаме и голема донација од Македонската донација од САД, која досега има донирано 10.000 долари, а последно донираше за ресурсната соба за децата со посебни потреби“, изјави Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

Денеска училиштето го одбележа и својот патрон празник. Се положи свежо цвеќе пред новата биста Кочо Рацин која се наоѓа во училишниот двор. А децата изведоа пригодна програма специјално наменета за овој ден.

„Како градоначалник горд сум на напорите што се вложуваат за подобрување на образовниот процес во нашиот град особено во вашето училиште. Со поддршка на менаџментот и наставниот кадар продолжуваме да работиме за подобри услови, за модернизација на училиштето и за создавање на средина во кое секое дете ќе се чувствува сигурно и мотивирано. Драги ученици вие сте нашата најголема надеж и богатство. Вашиот ентузијазам љубопитство и трудољубивост се светлото кое го осветлува патот на иднината. Учете, истражувајте и бидете горди на вашето училите и градот Прилеп“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Објектот на ООУ „Кочо Рацин“ е најстара воспитно – образовна институција во градот. Почнувајќи прво како НИЖА гимназија која се викала „Рампо Левката“. Потоа станува „Полна гимназија на градот“, а на 10.09.1954 година со одлука на Народниот одбор на Градската општина – Совет за просвета и наука, се отвора ново четиригодишно основно училиште „Кочо Рацин“ во зградата на нижата гимназија „Рампо Левката “. И денес ова училиште со сите активности и инвестиции продолжува да биде еден од темелите на образовниот систем во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи