Политичката неизвеснот од војната во Украина, енергетската криза, можноста од нарушувањето на глобалните снабдувачки системи според експертите биле едни од главните предизвици на нaшата економија. Но и понатаму како еден од носечките проблеми е недостогот на стручна работна рака. Според последните податоци на Државниот завод за статистика во моментов има 98.000 кои се водат како невработени, а од друга страна има слободни 10.000 работно места. Тоа било доказ за неусогласеноста на побарувачката и понудата на пазарот на труд, односно немањето доволно стручни образовани кадри според потребите на нашето стопанство.
„Подобрување на вештините и компетенциите на работната сила преку соодветни промени во структурата на курикулумите во високото и средно образование. Произведување на нови профили во рамките на средното стручно образование, поголема хетерогеност и сеопфатност на активните мерки на пазарот на труд преку кој би се оспособувале вработените побрзо да ги потполнуваат слободните работни места“, вели Димитар Николоски, универзитетски професор.
Овој предизвик на усогласување на понудата и побарувачката на работна сила ќе продолжел и во 2025 година. Предизвици ќе имало во полето на легислативата како усогласувањето на минималната плата во однос на трошоците за живот, а се очекувало и донесување на законот за социјално претприемништво кој би ја подобрил положбата на ранливите категории на пазарот на труд. Како и намалување разликите во економскиот развој на регионите.
„Треба да го истакниме диспаритетот помеѓу скопскиот, како регион кој што е најразвиен и другите региони како послабо развиени. Преку паметната специјализација би можеле другите региони дас ги искористат своите конкурентски предности и преку еден партиципативен пристап, приоретизирање на она што значат пртедности и можности во секој регион би се подобрила и положбата на населението“, додаде Николоски.
Во однос на потполнувањето на дупката во ПИОМ експертите предлаат формализирање на неформалната вработеност, со што повеќе вработени би можеле да придонесуваат кон Пензискиот фонд.