Инфо Компас започнува со втората сезона на рубриката „10 ПРАШАЊА СО“. Наша прва гостинка е Ема Морисон Миткоска или позната и како УрбанЕра. Со Ема направивме доста интересен муабет околу тоа зошто е Морисон, што изработува и од кога, колку „Хард Рок“ локали има посетено, што и било највпечатливо од таму, но исто така и домаќински муабети од типот кој е совршениот рецепт за леќа, колку шишиња џин има во моментов во ќошот од кујната и слично… Ема ни кажа и која е најпознатата личност која поседува производ од УрбанЕра, а за тоа што ќе се преправа за Прочка не кажува, ама помеѓу Констракта и Лепа Брена ја одбира Констракта. Зошто се што прави е во непарен број погледнете во интервјуто.