Блаже Томески или како што сите го знаат како Биџо, познат урбан лик од Прилеп е нашиот соговорник во ова издание на „10 ПРАШАЊА СО“. Си помуабетивме за повеќе нешта поврзани со него, од тоа како правел сладолед и колку јадел, каде го наоѓа сега мирот, како започнал со својата колекција на винили која сега брои околу 10.000 плочи. Ни откри каде сега најмногу пушта музика како ДЈ, но поразговаравме и за времето на функционирање на култниот кафич во Прилеп, Апореа. Како започна приказната, како се одвиваше и зошто се затвори Апореа. Биџо дава одговор и на тоа како може да се врати ноќниот живот во Прилеп и дали е воопшто можно според него да се повторат старите добри времиња.