ВИДЕО – Пренатрупаност во КПД Прилеп, капацитетот е 108, а лежат 144 осуденици,100-тина лица чекаат да се ослободи место за да ја отслужат казната



Отворено за сите прашања поврзани со КПД затвор Прилеп, со директорот на оаа установа Емил Јанески. Капацитетот на затоворот е 108, а лежат 144 осуденици,100-тина лица чекаат да се ослободи место за да ја отслужат казната. Зошто КПД Прилеп не ги исполнува условите да биде КПД, туку треба за неколку години кога ќе се создадат услови во Македонија да се врати на ранг на КПУ. Дали затворската полиција се уште стравува од закани по својот живот од проблематичните затвореници кои отслужуваат казна во Прилеп. Дали им е потребна дополнителна обука за справување со ваков вид на затвореници. Зошто затворската полиција во Прилеп нема доволно оружје, ниту униформи? Што се е преземно во изнинативе месеци, но и со тоа кои предизвици ја очекуваат во иднина оваа установа. Со Јанески поразговаравме и околу улогата на ЗНАМ, како фактор на баланс во Владата и „Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии“ која ЗНАМ ја достави до коалициониот партнер ВМРО –ДПМНЕ и дали истата ќе биде прифатена?

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи