Бизнис секторот оценува дека 2025 година ќе биде успешна година за македонското стопанство пред се поради унгарскиот кредит кој се очекува да има големи позитивни импликации врз стопанството.
„Овие 250 милиони сметам дека ќе бидат добри за стопанството, ќе бидат можност да се инвестира во нови технологии, нови знаења. Исто така во 2025 година дополнително ќе даде импакт и инфраструктурното поврзување, автопатот, бидејќи како што најави и Владата тоа е некаде околу 2% од БДП. Во градежниот сектор очекуваме зголемување на продуктивноста, на работата“, вели Никола Мариноски, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп
„Се случува во вистинско време кога на компаниите ни е неопходна експанзија, инвестициона експанзија за да ги следиме трендовите и она што се случува во светот, се со цел барем ние извозно ориентираните компании да останеме во кондиција и да останеме конкурентни, за да го продолжиме растот и развојот“, рече Ирена Јакимоска, потпретседател на Регионална стопанска комора Прилеп
И банките истакнуваат дека фирмите наголемо се интересираат под кои услови може да ги добијат унгарските пари.
„Меѓутоа се уште останува да се додефинираат одредени правила околу тоа кој се ќе може да биде корисник на овие кредити со оваа камата“, кажа Стевчо Димески, Регионален директор Стопанска банка АД Скопје.
Според заменик министерот за економија Марјан Ристески ги повика компаниите максимално да аплицираат и да го искористат овој екстра поволен кредит.
„Ќе бидат поддржани сите компании кои имаат навистина добри бизнис планови за наредната година, пред се нови инвестиции, нови вработувања, нови технологии, циркуларна економија, заштита на животна средина“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.
Со влезот и на останатите средства од Владата за Општините за изградба на капитални проекти во 2025 се очекува драстично поместување на македонската економија.