Новиот директор Кире Јоноски прилепската болница ја затекна со над 3 милиони евра долг. Пред 2 месеци на прес конференција истакна дека се пиело и јадело по ресторани на државна сметка за приватни потреби, дури се плаќале и родендени, се издавале фиктивни сметки за услуги кои никогаш не биле извршени, се плаќало за доедукација на медицински сестри која никогаш не се остварила, над 10 милиони денари биле земени директно од касата на болницата, а 70-тина мобилни телефони не се знае кој воопшто ги користел.
За тоа колку е намален долгот сега после неколлу месеци, што ќе се случува со 120 вработени кои се на Договор на дело, дали сите ќе добијат решение или некое ќе бидат отпуштени од работа. Каков вид на опрема ќе се набави и за кои одделенија во 2025, кои кадри се најдефицитарни и како ќе се надополни нивниот број, што ќе се случува во иднина со модуларната болница и просторот на старата Итна помош, дали ќе се отуѓи или ќе го користи болницата. За овие и други прашања погледнете во интервјуто.