Здружението „Прочкари“ во соработка со Општина Прилеп и општествено одговорни компании од денеска, па се до вторник ќе поделат над 400 бесплатни новогодишни пакетчиња за најмладите.
„Како што може да видите оваа година Дедо Мраз директно од Лапонија на градскиот плоштад во Прилеп да подели новогодишни пакетчиња и најдрагите. Оваа година одлучивме во една хуманитарна акција да поделиме пакетчиња со помош на Општина Прилеп, Здружението „Прочкари“ и општествено одговорни компании кои се погрижија да ги збогатиме новогодишните пакетчиња, за да може секое дете кое ќе се слика со Дедо Мраз да добие бесплатно пакетче. Ние вака за празниците излегуваме секоја година во последните 5-6 години како Здружение „Прочкари“ и Дедо Мраз, но оваа година прв пат даваме новогодишни пакетчиња. Исто така Дедо Мраз ќе биди и утре во понеделник тука присутен во центарот на Прилеп, а и во вторник на главната забава за најмладите. Имаме подготвено над 400 пакетчиња за најмладите. На сите дечиња им посакувам да бидат здрави, живи и весели во наредната 2025 година“, истакна Дедо Мраз, од здрижението „Прочкари“ од Прилеп.