Почитувани сограѓани, Во пресрет на Новата година и Божиќните празници, сакам да ви упатам искрени честитки и најдобри желби. Ова е период кога се потсетуваме на заедничките успеси, но и на предизвиците што ги совладавме со труд, посветеност и заедничка соработка.
Изминатата година беше време на нови можности, проекти и развој.
Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со Советот и сите Јавни претпријатија и Заедно со вас, граѓаните на Прилеп, покажавме дека кога сме сплотени можеме да ги оствариме сите цели. Направивме важни чекори кон подобрување на квалитетот на живот и создавање подобри услови за сите генерации.
И во наредната година продолжуваме со работа и посветеност, насочени кон унапредување на нашата општина. Вашата поддршка и доверба се основата врз која градиме една стабилна и просперитетна иднина.
Празничната магија нека донесе радост, љубов и мир во секој дом, 2025 година посакувам да ни биде исполнета со многу здравје, среќа и бериќет. Заедно да продолжиме да го градиме Прилеп како град на развој, солидарност и нови успеси.
Среќни новогодишни и божиќни празници!