По повод 100 годишнината од поставувањето на камен темелникот на ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, Училишниот парламент при ова училиште организираше хуманитарна акција за набавување на намирници за социјално загрозените ученици од ова училиште за Новогодишните празници.
„Од набавените намирници како што се брашно, шеќер, ориз, млечни производи, производи за лична хигиена, конзервирана храна, хемиски производи и др. составивме пакети и ќе ги поделиме на социјално загрозените ученици. Хуманитарната акција беше спроведена во текот на месец декември со изработка на приврзоци и нивно продавање на учениците и училишниот колектив. Им се заблагодаруваме на сите членови на ученичкиот парламент, на стручните служби и на нашата директорка без кои оваа хуманитарна акција не би била успешна. Исто така изразуваме огромна благодарност до сите родители кои помогнаа оваа акција да биде успешна“, истакнаа од Училишниот парламент на ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.