„Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ – по 15ти пат се организираат Бадниковиte поворки во Прилеп


И оваа година по 15ти пат се организираат Бадникови поворки во Прилеп. Тие годинава се одржуваат под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“. Пријавени се скоро 300 дечиња до сега, што е најголема бројка на деца кои учествувале на поворките во Прилеп.

„Поворката започнува од Камената бина каде што е поставена Божикната пештера во 09:00 часот на 06.01.2025 каде што децата ќе се соберат за да тргнеме во најголемата поворка до сега. Поворката ќе започне од Камената бина, кон параклисот на Св. Никола, покрај пицериијата „Леоне“, кон пешачкиот премин кај аптеката „Зегин“, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, покрај Участакот, кон „Сетек“, кон НУЦК Марко Цепенков и повторно ќе се вратат на Камената бина. Тука ќе ги отпеат песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рожденство Христово”. Дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп, г-динот Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува дечињата од поворката. По завршувањето на поворката, ги покануваме сите учесници и присутни да го посетат најблискиот храм, а на 7ми јануари на литургија и сите да се поздравиме со радосниот поздрав „Христос се роди“, велат организаторите на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи