23 години од Охридскиот рамковен договор

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Дваесет и тригодишнината од потпишувањето на Охридскиот договор денеска ќе биде одбележана на два различни настани – едниот владин, другиот на ДУИ.

Владата одржа свечена седница со почеток од 13 часот, на која се обратија премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Ќе биде одржана и панел-дискусија во Клубот на пратениците, на организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот на тема „23 години од Рамковниот договор, децентрализацијата останува предизвик” ќе почне во 10 часот, а ќе продолжи вечерта со свечен прием во Музејот на современа уметност во Скопје.

ДУИ пак, организира одделен настан што се одржа во 12:00 часот во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година, ставајќи крај на воениот конфликт. Договорот го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Договорот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми